Дома Фудбал Карагер: Го гледавме најдобриот натпревар оваа сезона, не сакав да заврши

Карагер: Го гледавме најдобриот натпревар оваа сезона, не сакав да заврши

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа нерешено, завршувајќи 4:4 на Олд Трафорд во рамките на 16-то коло од англиската Премиер лига. Стрелци за Јунајтед беа Амад Диало, Каземиро, Бруно Фернандес и Матеус Куња, додека за Борнмут реализираа Антонио Семењо, Еваниљсон, Маркус Таверније и Ели Жуниор Крупи.

Џејми Карагер, поранешен капитен на Ливерпул, го нарече натпреварот најдобар оваа сезона, додека Би-би-си го оквалификува како „класика“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Го видовме можеби најдобриот меч оваа сезона и тоа е она што ја прави Премиер лигата најголема лига и најдобар производ во светот. Не сакавме натпреварот да заврши, како ни судијата“, изјави Џејми Карагер за Скај Спортс по завршувањето на натпреварот.

Со овој бод, Манчестер Јунајтед се искачи на шестото место на табелата. Има 26 бодови, исто колку и петтопласираниот Кристал Палас. Борнмут се наоѓа на 13-то место со 21 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Кристијано Роналдо денес ќе ја пропушти втората последователна натпревар против Ал-Итихад …