Дома Фудбал Капитенот на Интер по елиминацијата од Светското клупско првенство: Кој не сака да остане во клубот, нека си замине

Капитенот на Интер по елиминацијата од Светското клупско првенство: Кој не сака да остане во клубот, нека си замине

ИНТЕР ја заврши својата кампања на Светското клупско првенство во осминафиналето, откако беше поразен со 2-0 од Флуминенсе во Шарлот. Најгласeн во зоната за интервју беше капитенот Лаутаро Мартинез, чија изјава брзо ги преплави италијанските медиуми и социјалните мрежи.

Аргентинецот ги критикуваше поединците во соблекувалната за, како што рече, недостаток на мотивација и желба да се борат за грбот на Интер. „Оние кои имаат волја да останат, нека останат. Оние кои немаат, нека си одат. Овој дрес е почитуван и ние мора да се бориме за целите достојни за историјата на клубот“, започна Мартинез.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Мартинез објасни дека бил повреден од начинот на кој тимот влегол во играта и рече дека некои од работите што ги видел на теренот и околу него биле неприфатливи. „Мора да сакате да бидете тука. Кој сака да остане, нека остане, кој не сака, нека си оди. Видов работи што не ми се допаднаа“, рече тој, а потоа ја презеде одговорноста:

„Јас сум првиот одговорен како капитен. Им се извинувам на навивачите, уште еден пораз многу боли. Сега мора да се одмориме и да почнеме одново со целата енергија што ја имаме.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Милан импресиониран: Со големи пофалби зборуваше за Модриќ!

Андриј Шевченко во интервју за „Ла Репбулика“ зборуваше за градското дерби помеѓу Интер и …