
Тренерот на фудбалерите на Наполи Антонио Канте изјави дека неговиот тим сè уште игра над своите реални можности и додаде дека верува дека клубот од Неапол може да ја освои титулата во Серија А, пренесуваат денес италијанските медиуми.
Наполи, две кола пред крајот на италијанскиот шампионат, се наоѓа на првото место на табелата со 78 поени, додека Интер е втор со 77.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
-Финишот на сезоната претставува цел која од почеток беше апсолутно незамислива. Би било прекрасно да го оствариме тоа. Овие навивачи го заслужуваат тоа, бидејќи луѓето од Неапол не следеа со страст и ентузијазам – рече Канте.
-Сè уште играме над своите реални можности и затоа можеме само да им се заблагодариме на овие играчи за сè. Горчливо е, бидејќи резултатот не беше праведен, но секогаш им велам дека деталите прават разлика, а во тие детали можевме да бидеме подобри – додаде тренерот на Наполи.
Тој истакна дека Наполи пропушти многу шанси на натпреварот против Џенова.
Џенова имаше два удари во рамка на голот и постигна два гола. Таквите работи се случуваат во фудбалот – кога примаш гол, секогаш има нешто што можеше подобро да се направи – рече Канте.
Фудбалерите на Наполи во 37. коло ќе гостуваат кај Парма, а потоа во последното коло ќе го дочекаат Каљари. Интер прво ќе го дочека Лацио на својот терен, а потоа ќе гостува кај Комо.
-Не можам ништо да им замерам на моите играчи на натпреварот против Џенова – имаа 22 удари, од кои 11 во рамка на голот, доминираа во поседот, а на крајот реми. Мораме да бидеме подобри во вакви ситуации. Разочарувачки е, бидејќи заслуживме победа – заклучи Канте.