Дома Фудбал Канисарес: Винисиус сака најголем договор во Реал, а не го заслужува со играта

Канисарес: Винисиус сака најголем договор во Реал, а не го заслужува со играта

Пред влезот во 2026 година, еден од главните приоритети на управата на Реал Мадрид ќе биде решавање на договорната ситуација со Винисиус. Активниот договор на бразилската ѕвезда истекува во 2027 година, што значи дека со почетокот на следната сезона ќе влезе во последните 12 месеци од договорот.

Иако преговорите траат веќе некое време, договорот сè уште не е постигнат, а главната пречка се финансиските барања на Винисиус. Според шпанските медиуми, Бразилецот сака најголем договор во Реал, со кој би заработувал 30 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Состојбата ја коментираше за радио станицата COPE и поранешниот голман на Реал Мадрид, Валенсија и шпанската репрезентација, Сантијаго Канисарес, кој смета дека барањата на Бразилецот не се во согласност со неговите сегашни игри. Според неговите зборови, клубот не сака да го стави во истиот платен ранг како првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе.

„Платата за која се дискутира не одговара на тоа што Винисиус прави на теренот, на тоа што ќе биде ставено на маса ако потпише нов договор. Но, факт е дека неговата плата не одговара на платата на поголемиот дел од играчите на Реал Мадрид”, изјави Канисарес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот меѓу седум напаѓачи бара замена за Исак, едно од имињата и моќен Србин

Челниците на Ливерпул наводно се подготвени да влезат на пазарот за уште еден напаѓач во ј…