Дома Фудбал Камавинга го израдува Реал Мадрид, Мбапе доби црвен картон (Видео)

Камавинга го израдува Реал Мадрид, Мбапе доби црвен картон (Видео)

Реал Мадрид дојде до нови три бода во шпанското првенство, совладувајќи ја екипата на Алавес на нејзин терен со минимални 1-0 – резултат кој за првпат сезонава се појавува во корист на „кралевите“ во рамки на Ла Лига.

Младиот француски репрезентативец Едуардо Камавинга успеа да ја затресе мрежата на домаќините и да му донесе предност на Реал, која се покажа како доволна за конечна победа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Натпреварот беше одбележан и со тензии – само четири минути по водечкиот гол, Реал остана со играч помалку откако Килијан Мбапе доби директен црвен картон поради остар старт, што дополнително ја искомплицираше ситуацијата за гостите.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…