
Македонскиот шампион Пелистер и Мохамед Калид Валид спогодбено ја прекинаа соработката пред истекот на договорот, соопштија од битолскиот клуб.
Решението било донесено по заедничка согласност, а целата постапка поминала брзо и без дополнителни обврски меѓу двете страни. Египетскиот интернационалец во зелено-белиот дрес го освои Суперкупот на Македонија, а зад себе остави солиден впечаток и со настапите во Лигата на шампионите, како и во домашната Суперлига, каде со своето искуство и борбеност беше важен дел од ротацијата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од редовите на Пелистер јавно му се заблагодарија на ракометарот за коректниот и професионален однос, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.
Станува збор за египетски репрезентативец кој настапува на пикерската позиција и кој во Битола пристигна во август оваа година, но во клубот се задржа помалку од половина година.