
Неверојатно чудо се случи во Аргентина предходната вечер, кога Платенсе успеа да испише историја, освојувајќи го шампионскиот трофеј за прв пат по 120 години, по убедливата победа над Уракан со 1:0.
Клучниот миг на мечот се случи во 63. минута, кога Гвидо Маинеро со феноменален волеј успеа да ја смести топката во мрежата, предизвикувајќи ерупција од радост на навивачите на Платенсе.
⚽️ ГОЛ НА ПЛАТЕНСЕ!
— GOL_TV (@GOL_TV_BR) June 1, 2025
Г. Маинеро | Уракан 0x1 Платенсе #TorneoApertura pic.twitter.com/evthglBMWT
Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Дефинитивно, мал број луѓе слушнале за овој клуб освен вистинските познавачи на јужноамериканскиот фудбал.
Нивниот пат до финалето во Апертура беше фантастичен. Откако го завршија лигашкиот дел во групата Б на шестото место, во нокаут фазата ги елиминираа големите имиња како Расинг, Ривер Плате, Сан Лоренцо и на крајот Уракан.
Со својата прва титула како шампиони на Аргентина, и првиот голем трофеј во витрините на клубот, Платенсе следната сезона за прв пат ќе игра во групната фаза на Копа Либертадорес.