Дома Фудбал Каков пресврт: Тотенхем во последен момент го „украде“ планираното засилување на Челзи!

Каков пресврт: Тотенхем во последен момент го „украде“ планираното засилување на Челзи!

Чави Симонс беше на пат да стане нов член на Челзи, но се случи пресврт во ситуацијата.

Холанѓанецот одлучи да ја промени насоката и наскоро ќе биде дел од Тотенхем.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што известува Дејвид Орнштајн, Симонс ги помина медицинските прегледи и се очекува да биде промовиран како нов фудбалер на „петлите“.

Тотенхем ќе обезбеди 60.000.000 евра за неговото доаѓање. Со ова Томас Франк добива засилување во офанзивниот дел каде првично беше планиран Еберечи Езе.

Меѓутоа, него го зграпчи Арсенал, што ги натера „петлите“ да го активираат планот „Б“.

Тотенхем има максимални резултати по првите две кола во Премиер лигата, а оваа сезона ги очекува и учество во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…