Дома Фудбал Каков гест: Фудбалерите на Челси ќе донираат дел од наградата за Светското клупско првенство на семејството на Жота

Каков гест: Фудбалерите на Челси ќе донираат дел од наградата за Светското клупско првенство на семејството на Жота

Фудбалерите на Челси одлучија да донираат дел од наградата за освојувањето на Светското клубско првенство на семејството на Диого Жота.

Челси го освои Светското клупско првенство со победа над Пари Сен Жермен во финалето, триумфирајќи со 3:0, и доби впечатлива награда од ФИФА во висина од 131,4 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од вкупниот износ, сопственикот на Челси одлучи да распределат 13,3 милиони евра меѓу играчите, кои заедно одлучија да донираат милион евра на семејствата на Диого Жота и Андре Силва.

Португалските браќа трагично загинаа во сообраќајна несреќа на 3 јули во Шпанија. Поддршка во вид на морална и материјална помош веднаш им понудија многу од нивните поранешни соиграчи, а сега и сите фудбалери на Челси покажаа солидарност и решија да им дадат по половина милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…