
Раководството на Манчестер Јунајтед успешно го договори првото засилување за следната сезона, иако тоа можеби изгледа далеку но стратегијата на овој клуб вели поинаку.
Трошоците минатото лето беа повеќе од 200 милиони евра, но сепак тимот се соочуваше со многу лоши резултати, а стартот на сезоната беше навистина тежок за сите во Манчестер Јунајтед.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Тие веќе загубија три од првите шест натпревари во лигата, што го стави тренерот Рубен Аморим под голем притисок да ги подобри работите ако сака да продолжи да го води овој клуб.
Додека неговата иднина е неизвесна, управата на Манчестер Јунајтед не губи време, инвестирајќи во долгорочната перспектива на тимот.
Сето ова беше потврдено од трансфер експертот, Фабрицио Романо.
“Манчестер Јунајтед заврши со договорот за доведување на 17-годишниот Колумбиец по име Кристијан Ороско.
Трансферот изнесува 1 милион евра, а тој доаѓа од Фортазела и ќе се приклучи на тимот на Олд Трафорд од следното лето,” напиша Романо.
Трансферот е договорен за следното лето кога играчот ќе има 18 години и ќе може да се пресели во Англија.
Ороско е дефанзивен среден играч кој моментално игра за Фортазела во Колумбија, каде што пристигна порано годинава од Роха.
Тој е капитен на репрезентацијата на Колумбија до 17 години и веќе има девет натпревари за овој состав.
Во Манчестер Јунајтед имаат големи очекувања од него за годините што доаѓаат.