Дома Фудбал Како „гром од ведро небо“: Клоп и Лајпциг договорија трансфер од 80 милиони евра

Како „гром од ведро небо“: Клоп и Лајпциг договорија трансфер од 80 милиони евра

Само е прашање на време кога ќе биде официјално потврден големиот трансфер што го завршија Клоп и челниците на Лајпциг, тврдат германските медиуми.

Лајпциг ќе го потпише за постојано Чави Симонс кој во овој клуб играше како позајмен фудбалер од Пари Сен-Жермен.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Како што тврдат новинарите од германскиот „Скај Спорт“, договорот е практично завршен и се чека само официјалната потврда.

Челниците на Лајпциг ќе уплатат 50 милиони евра на ПСЖ, а Чави Симонс ќе потпише договор до 2027 година.

Доколку се исполнат сите услови, тогаш трансферот со дополнителни бонуси ќе се зголеми на 80 милиони евра, тврдат новинарите од Билд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Инзаги по дебаклот од Милан им држел лекции на ѕвездите на Интер

Интер испадна од Купот на Италија откако градскиот ривал го порази во директен дуел за фин…