Дома Фудбал Кадетите на Вардар ѝ одржаа лекција на Црвена Звезда

Кадетите на Вардар ѝ одржаа лекција на Црвена Звезда

Кадетскиот тим на македонскиот фудбалски клуб Вардар извојува значајна победа над големиот ривал Црвена Звезда со резултат 3-1 на меѓународниот турнир што се одржува во Фоча, Босна и Херцеговина.

Избраниците на тренерот Влатко Грозданоски одиграа дисциплинирано и борбено, при што блескаа со одлична тимска игра и реализираност. Стрелци на головите за Вардар беа Петар Тодоровски, Христијан Јевтоски и Андреј Цветковски, кои со својата ефикасност го обезбедија триумфот над белградскиот клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа победа доаѓа како силен одговор по стартниот пораз од романскиот тим Клуж во првото коло од турнирот.

Фото: Младинска школа ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма на 80 дена пред почетокот на Мундијалот: Аргентина без Меси на Светското првенство?!

Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико се приближува и остануваа…