Дома Фудбал Останато Кабиб го провоцира Конор: Кога некого не сакаш, влегуваш во кафезот да го унишитиш и уживаш!

Кабиб го провоцира Конор: Кога некого не сакаш, влегуваш во кафезот да го унишитиш и уживаш!

Еден од најдоминантните, ако не и најдоминантеен шампион во лесната категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов изјави дека еден од неговите најзначајни дуели во историјата на ММА, оној со Конор МекГрегор, за него бил вистинска релаксација.

Да потсетиме, и покрај големото ривалство, кое може да се спореди со непријателство, кое на крајот кулминираше со масовна тепачка по борбата, повлечениот и непоразен Дагестанец тврди дека во таа битка вистински уживал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Има нешто прекрасно на овој свет: кога некого не го сакаш, влегуваш во кафезот, да го скршиш, и тие ти плаќаат”, рече Нурмагомедов за дуелот со МекГрегор. “Ако тоа го направиш надвор од кафезот, одиш во затвор. Долго го чекав тој момент. Не само што можев да се борам, туку и да зборувам со него. Го искористив тој миг да се забавувам. Тоа беше мојот одмор”, додаде тој.

И по неколку години од борбата, тензиите со МекГрегор не стивнаа, а со последната изјава Нурмагомедов повторно ги разгоре страстите.

Да се потсетиме, откако го победи МекГрегор со гушење во четвртата рунда, Нурмагомедов ја прскокна оградата на октагонот за да се пресмета со Дилон Данис, што предизвика масовна тепачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…