Дома Фудбал Останато Kaко Барселона го „украла“ Кунде во последен момент: Во четвртокот бил „продаден“ на Челзи!

Kaко Барселона го „украла“ Кунде во последен момент: Во четвртокот бил „продаден“ на Челзи!

Жил Кунде и официјално стана фудбалер на Барселона, тој веќе и посочи дека Чави бил клучниот човек во неговото пристигнување во редовите на Каталонците.

Сега спортскиот директор на Севиља, Мончи откри дека се било договорено со Челзи, но тогаш „сините“ покажале двоумење, а тоа Барса знаела како да го искористи.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Во четвртокот, Кунде беше продаден на Челзи, имавме договор и самиот играч се договори со Челзи. Но, тогаш покажаа одредено двоумење и Барса ја искористи ситуацијата. Матеу Алемани во понеделникот за првпат ме контактираше за Кунде“.

„Првата понуда која ја добивме не беше баш најдобра, но на крајот се изборивме за сума која е рекордна продажба на Севиља. Челзи се врати и повторно се обиде да преговара, но тогаш се беше завршено со Барса“, откри Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот има за што да биде среќен: Ливерпул ангажира ѕвезда на Баерн вредна 65 милиони евра?

Иако во последните денови во фокусот на Ливерпул е ситуацијата околу Мохамед Салах, кој из…