Дома Фудбал Kуман по поразот од Гранада: Тежок удар, разочарани сме

Kуман по поразот од Гранада: Тежок удар, разочарани сме

Барселона вчера направи голем кикс во борбата за титулата и дома беше поразена од Гранада со 1:2.

Ова беше можност Барселона да се искачи на врвот на табелата, меѓутоа Каталонците ја пропуштија. Барселона водеше после првото полувреме, но во второто прими два гола и остана без бодови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналд Куман секако после натпреварот беше разочаран.

„Ова е навистина тежок удар, разочарани сме, меѓутоа од утре мораме да продолжиме напред за да ги добиеме преостанатите пет натпревари. Сега ситуацијата не зависи од нас, истото важи и за другите. На полувреме зборувавме да внимаваме на одбраната, но не го направивме тоа. Ни недостасуваше концентрација и тоа не чинеше пораз“, смета Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што се случува со Гвардиола? Само исчезна…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се појави на прес-конференцијата пред нивна…