Стоперот на Јувентус, Џорџо Киелини беше еден од поважните фудбалери на Италија во освојувањето на Европското првенство оваа година.
Сепак, Киелини годините го стигнуваат, па не е јасно дали ќе може да настапи на Мундијалот во Катар наредната година. Иако наполни 37 години, тој не ја отфрла можност за настап на овој Мундијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако бидам во форма и имам континуитет, можеби ќе настапам на Светското првенство. Но, треба да се размислува на сегашноста, ќе видиме што ќе се случува“, изјави Киелини.
Договорот на Киелини со Јувентус има важност до 2023 година и очекувањата се тогаш да стави крај на неговата голема кариера.