Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја отстрани забраната која ја донесе во 2016 година за сите играчи, освен за еден.
Германскиот тренер на играчите на Ливерпул после освојувањето на Лигата на шампионите им дозволи да можат да го допрат славниот знак „Тhis is Anfiled“ Кој се наоѓа на излегувањето од тунелот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп уште во 2016 година им порача на играчите да не го допираат тој знак додека не освојат нешто.
„Тоа е знак на респект. Јас го допрев како тренер на Борусија Дортмунд, но изгубивме 4:0. Ќе допреме кога ќе освоиме нешто. Ова е голем клуб“, зборуваше тогаш Клоп.
Единствениот играч кој имаше право да го допре знакот беше Џордан Хендерсон кој го освои Лига Купот во 2012 година.
Откако „црвените“ во саботата го победија Тотенхем со 2:0 во финалето Лигата на шампионите сега право на тоа имаат сите играчи.
Инаку, споменатата победа на Ливерпул во мадритското финале го збогати Саутемптон за 10 милиони евра. Саутемптон таа сума ја заработи од бонусите во договорите на Вирџил Ван Дијк, Садио Мане, Дејан Ловрен, Натаниел Клајн и Адам Лалана.
Southampton have earned a whopping £10 million in bonuses from Van Dijk, Sadio Mane, Dejan Lovren, Nathaniel Clyne and Adam Lallana. With the reds lifting the champions league last weekend, the saints are now set to reek the rewards! #saintsfc #wemarchon #lfc pic.twitter.com/OwZaeE0r3D
— The Saint Centre (@TheSaintCentre) June 4, 2019