Дома Фудбал Германија Kимих го промени мислењето, се вакцинираше

Kимих го промени мислењето, се вакцинираше

Членот на Баерн Минхен Џошуа Кимих подолг период беше еден од најголемите противници на вакцинацијата, но сега и тој попуштил.

„Свесен сум секако за својата одговорност, ги почитувам сите хигиенски мерки и се тестирам на секои два до три дена, но секој треба да одлучи за себе. Не сум некој кој не верува во коронавирусот, ниту пак антиваксер. Исто така не тврдам дека во иднина немa да се вакцинирам“, изјави Кимих пред Нова година.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сега информациите од Германија се дека попуштил. Набрзо по изјавата која ја даде Кимих беше и позитивен. Минатото лето Кимих го продолжи договорот со Баерн до летото 2025 година, а во овој клуб пристигна од Лајпциг во 2015.

До сега за Баерн постигна 30 голови на 264 натпревари и освои шест бундеслигашки титули, три купа на Германија, Лига на шампиони, пет суперкупови на Германија, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лоши вести за Манчестер Сити: Кевин де Брујне го пропушта натпреварот против Њукасл

Денеска од 13 часот и 30 минути фудбалерите на Манчестер Сити му гостуваат на тимот на Њук…