Дома Фудбал Јувентус веќе преговара со Спалети, Манчини е варијанта „Б“

Јувентус веќе преговара со Спалети, Манчини е варијанта „Б“

Претставници на Јувентус веќе преговараат со Лучано Спалети за можноста поранешниот селектор на Италија да ги преземе „бјанконерите“. Претходно денес, управата на великанот од Торино го отпушти Игор Тудор по осум натпревари во серија без победа. Привремено, Хрватот ќе биде заменет од Масимо Брамбила, кој досега го водеше Јувентус Некст Џен.

Според Џанлука Ди Марцио, прв избор на раководството на Јувентус за постојан тренер е Лучано Спалети. Варијанта „Б“ е Роберто Манчини, а следната можност е Рафаеле Паладино.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се тврди дека Спалети бара договор од една и пол година, но може да се согласи и на спогодба до крајот на сезоната со опција за продолжување од дополнителна година.

Спалети, кој во 2023 година ја донесе Наполи до шампионската титула, беше ослободен од позицијата национален селектор на Италија во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена лоша вест: Барселона без Рафиња и во потенцијалното полуфинале на Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мор…