Дома Фудбал Јувентус одлучи: Ова е цената за која Влаховиќ може да замине!

Јувентус одлучи: Ова е цената за која Влаховиќ може да замине!

Јувентус се обидува на различни начини да го продаде Душан Влаховиќ и така да оствари некаков приход. Договорот на српскиот напаѓач истекува следното лето и „старата дама“ не смее да си дозволи тој да замине без надоместок.

Двете страни не успеаја да најдат заедничко решение, така што е сигурно дека Влаховиќ ќе го напушти Торино.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанскиот гигант инсистираше заинтересираните клубови да платат 50 милиони евра за да го придобијат Влаховиќ, но сега цената е дополнително намалаена и изнесува само 20 милиони евра.

Раководството на Јувентус се надева дека оваа цена ќе биде прифатлива, бидејќи не сакаат да дојдат до ситуација на раскин на договорот, што исто така е разгледуванa опција.

Ситуацијата се смири и постигнат е договор Јувентус да ја намали цената за Душан Влаховиќ. „Последната цена“ е 20 милиони евра и на тоа Јувентус инсистира, за да избегне плаќање на отштета на Влаховиќ во случај на раскин на соработката.

Главниот проблем за заинтересираните клубови е платата на Србинoт. Влаховиќ е најплатениот играч во Серија А, со 12 милиони евра по сезона и тешко е да очекуваме дека некој клуб ќе му понуди исто такво обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Џејми Карагер: Постапката на Салах е срамна. Ова беше планирано со агентот

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, остро го критикуваше Мохамед Салах, нарекувајќи ги н…