Дома Фудбал Јувентус го носи играчот кој го посакуваа Барселона, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед!

Јувентус го носи играчот кој го посакуваа Барселона, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед!

Како што пренесува Тутоспорт, Јувентус успеа да победи во жестоката конкуренција на Барселона, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед и да го осигура потписот на играчот кој долго време ќе го носи дресот на “старата дама”.

Маркос Сенеси, дефанзивецот на Борнмут има договор со овој клуб до крајот на тековната сезона. Веќе има право да преговара со други тимови, а челниците на Јувентус изгледа дека биле најбрзи и го обезбедиле неговиот потпис.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Аргентинецот ќе заработува во Торино скоро три милиони евра годишно.

Сенеси ја започна кариерата во Сан Лоренцо, во летото 2019 година премина во Фејенорд за седум милиони евра, за да три години подоцна потпише за Борнмут. Англискиот клуб тогаш одвоил 15 милиони евра за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игор Тудор му се обрати на погрешниот човек, мислеше дека е Арне Слот!

Додека ги правеше последните подготовки со својот тим, Тудор, според снимка што кружи на и…