Дома Фудбал Јувентус брка ѕвезда која не сака да си оди: Еден човек прави проблеми!

Јувентус брка ѕвезда која не сака да си оди: Еден човек прави проблеми!

Баду Самбаге, агентот на американскиот репрезентативец Тимоти Веа, го обвини еден од спортските директори на Јувентус дека „прави проблеми“ и го саботира трансферот на неговиот клиент во Марсеј. Веа веќе се договори околу личните услови со францускиот клуб кој го води италијанскиот тренер Роберто Де Зерби, но Јувентус сè уште не ја прифатил понудата на Марсеј.

Веа, кој повеќе не е дел од плановите на торинскиот тим, веќе во јуни одби трансфер во Нотингем Форест, иако во Јувентус се обидоа да го продадат на англискиот премиерлигаш. „Јувентус е фантастичен клуб, спортскиот сектор го водат тројца господа со класа. Не им замеруваме, но додека двајца бараат решение, еден сè комплицира – и тоа не можеме да го премолчиме“, изјави Самбаге за РМЦ Спорт.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Тимоти Веа е секогаш професионален, но беше изоставен од ФИФА Светското клубско првенство. Тој еден човек го уништи настапот на тој турнир обидувајќи се со сила да го прати таму каде што тој не сакаше. Денес, од инает, бара огромна сума и чека понуда од Премиер лигата која никогаш нема да пристигне – и која ние никогаш нема да ја прифатиме.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал не најде начин да се ослободи од еден од најголемите проблеми – има преголема плата, а е „вишок“!

Во Реал Мадрид сметаат дека платата од 25 милиони евра бруто, што ја прима Давид Алаба (33…