Дома Фудбал Јуве прави реорганизација во средниот ред и го повикува поранешниот ас на Милан

Јуве прави реорганизација во средниот ред и го повикува поранешниот ас на Милан

Јувентус оваа сезона жестоко се бори за место кое води во Лигата на шампионите, а планот беше можеби и нешто повеќе. Затоа е време за реорганизација на тимот, а во новиот состав би можел да се најде и поранешен играч на Милан.

Како некогаш Андреа Пирло, денес Санро Тонали може да оди по истите стапки. Прво во Милан, потоа во Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, торинскиот клуб планира да го доведе италијанскиот репрезентативец веќе ова лето. Њукасл за Тонали би барал огромна исплата, но постои опција за Јуве.

Не се задоволни во италијанскиот тим од игрите на скорешното засилување од Астон Вила, Даглас Луиз. Бразилецот би можел повторно кон Англија, но Јувентус би морал да доплати.

Ова би бил добар потег за торинскиот клуб. Сепак, поголем проблем е тоа што прашањето околу тренерското место се уште не е решено. Игор Тудор ја презеде екипата, но најверојатно само до крајот на сезоната.

Покрај средниот ред, во Јуве планираат комплетна реорганизација. Прашање е што ќе биде и со Душан Влаховиќ, а ни одбраната не е во најдобра форма, па може да има промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналд Куман: Некогаш на „Камп Ноу“ противниците страдаа, а сега…

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите гледишта за сегашната сос…