Дома Фудбал Јунајтед сака да потроши 130 милиони евра за играч кој само еднаш одигра целосни 90 минути оваа сезона?

Јунајтед сака да потроши 130 милиони евра за играч кој само еднаш одигра целосни 90 минути оваа сезона?

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД наводно има намера во јануарскиот преоден рок да го ангажира играчот од средниот ред на Брајтон, Карлос Балеба, чија цена е проценета на 115 милиони фунти (приближно 132 милиони евра). Овој 21-годишен играч беше предмет на интерес од клубот со Олд Трафорд и летово, и се` уште е високо на нивната листа на желби, пишуваат англиските медиуми.

Јунајтед веќе ги разгледувал условите за можен трансфер во јануари, известува Скај Спорт, но истакнува дека ставот на Брајтон останал ист, односно Балеба не се продава. Ако Јунајтед се согласи со цената која ја бара Брајтон, тоа би значело рушење на клупскиот рекорд. Брајтон во август, по првите прашања, јасно стави до знаење дека младиот Камерунец може да си замине само за 115 милиони фунти, што би било над тековниот рекорд од 105 милиони евра потрошени на Пол Погба во 2016 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Балеба трае до 2028 година и има опција за продолжување за уште една година. Таквиот долгорочен договор му дава на Брајтон силна преговарачка рамнотежа и можност да потегне висока отштета за играчот од средниот ред.

Карлос Балеба (21) веќе има над 70 настапи во Премиер лигата откако пристигна во Брајтон од Лил за 23 милиони фунти. Оваа сезона играше во 16 натпревари за својата екипа, но само еднаш ги одигра сите 90 минути. Тој сe` уште нема постигнато гол ниту има асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер плати операција за 11 деца, а потоа започна да помага на уште стотици од нив

Антонио Рудигер повторно ја искористи паузата во сезоната за да им помогне на другите. Дел…