Дома Фудбал Јунајтед нуди на Белингам 15 милиони годишно за договор од 6 години

Јунајтед нуди на Белингам 15 милиони годишно за договор од 6 години

Манчестер Јунајтед пројавува интерес за напаѓачкиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат на 22-годишниот фудбалер шестгодишен договор со плата од 15 милиони евра годишно, нето пари, тврди ОК Дирио.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според изворот, понудената плата од страна на „црвените ѓаволи“ е речиси двојно поголема од онаа што Англичанецот ја прима во „белиот балет“. Уште се тврди дека 20 кратниот англиски шампион е спремен да плати 200 милиони евра за трансферот на Белингам ова лето.

Играчот од средниот ред му се приклучи на Реал Мадрид летото 2023 година. Оваа сезона Белингам учествувал во 20 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи пет голови и давајќи четири асистенции. Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2029 година. Според информациите на порталот Transfermarkt, неговата пазарна вредност е 160 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо брутално искрен: Одржа лекција за случајот Престијани пред целиот свет!

После големото внимание што го привлече случајот на Џанлука Престјани, Жозе Мурињо конечно…