Дома Фудбал Јунајтед ја совлада Астон Вила и направи важен чекор кон место во ЛШ

Јунајтед ја совлада Астон Вила и направи важен чекор кон место во ЛШ

Манчестер Јунајтед оствари исклучително важна победа со 3:1 против Астон Вила во директна битка за место во врвот и зоната Лига на шампионите. Двата тима одиграа прилично пасивно прво полувреме, но по паузата приредија впечатливо шоу за навивачите на трибините.

Каземиро отвори резултат во 53-тата минута, но само десет минути подоцна Рос Баркли го изедначи резултатот во 64-тата минута. Матеуш Куња (71’) и Бењамин Шешко (81’) ја донесоа победата за домаќините. Со оваа победа, играчите на Мајкл Карик имаат три бодови предност токму пред тимот од Бирмингем и се наоѓаат на третата позиција на табелата. Играчите на Мајкл Карик го продолжуваат победничкиот пат откако претходно загубија од Њукасл пред нешто повеќе од десет дена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Капитенот на тимот Бруно Фернандеш запиша две асистенции за првите два погодоци на својот тим и на тој начин го собори рекордот на Дејвид Бекам за најмногу асистенции во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игор Тудор му се обрати на погрешниот човек, мислеше дека е Арне Слот!

Додека ги правеше последните подготовки со својот тим, Тудор, според снимка што кружи на и…