Дома Фудбал Кимих пред важна одлука: Договорот му истекува – понуди има!

Кимих пред важна одлука: Договорот му истекува – понуди има!

Џошуа Кимих во јануари ќе мора да ја донесе одлуката за неговата иднина. Опциите се да остане во Bayern или да го напушти и клубот и Германија.

Играчите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната ќе имаат можност да преговараат со други клубови од јануари.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Еден од тие играчи е и Кимих, член на Баерн кој е и тоа како интересен за гигантите.

Договорот со баварскиот гигант му истекува на крајот на сезоната, а раководството на клубот го притиска да донесе што побрзо одлука за неговата иднина.

На Кимих наводно му е даден рок до јануари за да реши дали сака да го продолжи договорот со Баерн, бидејќи клубот сака што поскоро да ги реши ситуациите со клучните играчи.

Односот што го имаа Кимих и раководството на Баерн во минатото беше малку напнат, но сега се чини дека работите се променети.

Наводно Германецот позитивно ја разгледал можноста да остане во Баерн, а можноста да стане капитен на овој клуб е доста реална.

Сепак, не недостасуваат опции и надвор од Баерн и Германија. Напротив.

За неговите услуги интерес покажуваат и други големи европски клубови, а досега најмногу интерес покажаа Барселона и Манчестер сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор, Рејндерс наскоро става потпис

Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски …