Дома Останати Кошарка Јокиќ продолжува да ги декласира противниците, нов трипл-дабл за убедлива победа на Денвер (Видео)

Јокиќ продолжува да ги декласира противниците, нов трипл-дабл за убедлива победа на Денвер (Видео)

Никола Јокиќ продолжува да ги тероризира противничките одбрани. Српскиот ас го предводеше Денвер Нагетс до убедлива победа над Минесота Тимбервулвс (127:114) во Минеаполис, забележувајќи го својот трет трипл-дабл во само три натпревари од новата НБА сезона.

Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени (шут 9/10 од игра), со 19 скокови и 10 асистенции, уште еднаш потврдувајќи дека е во врвна форма и дека планира да го диктира темпото и оваа сезона во лигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Денвер го реши натпреварот во третата четвртина, која ја доби со дури 45:28. Во тој период блескаше и Џамал Мареј, кој постигна 23 од вкупно неговите 43 поени, со четири погодени тројки. Тим Хардавеј Џуниор со 20 поени и Пејтон Вотсон со 12, се единствените кои постигнаа двоцифрени поени кај Нагетс.

Нагетс сега имаат скор 2:1, а новиот трипл-дабл на Јокиќ е само уште еден доказ дека е кандидат за МВП веќе од стартот на сезоната. Минесота (2:2) ќе мора брзо да најде начин да се стабилизира дефанзивно, особено додека Едвардс не е подготвен за враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ по три натпревари од новата сезона влезе во историјата на НБА лигата

Српскиот центар Никола Јокиќ повторно блескаше на теренот и го предводеше Денвер Нагетс до…