Тимот на Мајкл Мелоун изгуби во Лос Анџелес од Клиперс со 126:12, a Никола Јокиќ во овој натпревар постигна 28 поени (12/24 од игра, 2/7 за три, 2/4 од слободни фрлања), со 14 скокови и 11 асистенции, што беше неговиот осми трипл-дабл во сезоната.
Центарот на Нагетс вкупно реализираше 138. трипл-дабл во кариерата и така изедначи со Меџик Џонсон на вечната листа на НБА лигата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сега пред српскиот кошаркар се наоѓаат Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл и Расел Вестбрук, кој моментално има 200 трипл-дабл успеси во кариерата.
Јокиќ до 138. трипл-дабл во кариерата дојде по 690 натпревари во НБА лигата, додека на Меџик му требаа дури 190 натпревари повеќе.
Nikola Jokic just recorded the 138th triple-double of his career, which ties him with Magic Johnson for the 3rd most in NBA history. pic.twitter.com/GgH7DaUmEt
— Harrison Wind (@HarrisonWind) December 2, 2024