Втора горина по ред Никола Јокиќ го доби признанието за МВП на сезоната во НБА лигата.
Сепак и покрај фантастичната сезона на Јокиќ ростерот на Денвер е недоволно квалитетен за овој тим да се бори за шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа медиумите во САД пренесуваат дека Србинот побарал екипата да биде засилена. Наводно, Јокиќ сака во Денвер да биде доведен неговиот сонародник Василије Мициќ.
Мициќ зад себе има две титули во Евролигата и не неколку пати претходно порача дека е сериозно заинтересиран за преселба во НБА доколку добие понуда. Задачата на Денвер да го доведе Мициќ нема да биде лесна затоа што за него интерес покажаа уште Милвоки, Чикаго и Сан Антонио.