
Клоп веќе повеќе од една година е без тренерски ангажман, но во меѓувреме најде нова работа.
Откако ја напушти клупата на Ливерпул, Клоп реши да прифати нова улога и стана прв човек глобално за фудбалските клубови на Ред Бул.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Сепак, се појавија информации во последно време дека Клоп би можел повторно да се врати во тренерските води.
Навивачите на Ливерпул го кренаа гласот поради лошите резултати, сметаат дека Арне Слот треба да ја напушти клупата и повторно го повикуваат Јирген Клоп.
Ред Бул е партнер на Лидс Јунајтед и се обидуваат да го наговорят Клоп да ја преземе оваа екипа и да се врати во тренерската професија.
Да постои нешто што се шушка, Клоп докажа и со сликата што ја објави денес.
“Враќањето е блиску”, напиша Клоп и предизвика лавина од коментари.