
Ламин Јамал даде интервју пред Хосе Рамон де ла Морена во емисијата „Resonancia de Corazón“.
Во него, играчот на Барселона зборуваше за своето искуство како фудбалер, но и за поинтимни аспекти како односот со мајка му и познатиот роденден.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Дебито
„За време на тренингот со младите, тренерот ми рече дека треба да поминувам да тренирам со првиот тим. Игравме натпревар со нив и постигнав два гола. Оскар, братот на Чави, ме праша како е можно да не играм, но ми рече да бидам мирен. Малку по тоа, ме повикаа. Прво бев во групата за еден натпревар, ама не играв; во следниот дебитирав против Бетис.“
Куќата што му ја купи на мајка му
„Ја прашав за областа и ѝ реков да избере која сака. Сега ја гледам насмевката на мајка ми. Порано живеевме во стан каде што кујната и собата беа на исто место. Сега ја гледам мајка ми среќна. Тоа што брат ми може да има детство какво што ми беше потребно, ме прави најсреќен. Татко ми е спокоен дома, мајка ми може да има сѐ што сака. Таа е мојата кралица, ја сакам најмногу. Таа е сè што едно дете може да посака.“
Образованието
„Не бев во правилната позиција. Открив работи што не ги видов претходно. Сега би ги направил работите на поинаков начин, но тоа е искуство. Ако не го доживеев, можеби ќе погрешев сега, но не жалам за ништо. Дали би следел високо образование? Би сакал, но не бев создаден за тоа.“
„Златната топка“
„Не сонувам да имам само една „Златна топка“, сонувам да имам многу. Така им велам на моите пријатели. Го имам капацитетот да го направам тоа и ако не успеам, ќе биде затоа што не ги направив работите како што треба. И ако се случи, ќе бидам многу среќен, но треба да освојувам со мојот тим.“
Прославата за роденденот
„Не се налутив. Ми беше смешно. Пробаја да го извалкаат моето име на многу начини. Една жена тврдеше дека ги избирав девојките на одреден начин, а сето тоа беше лага. Потоа и приказната со келнерите, дека сум работел таму.“