Дома Фудбал Јамал се врати со повреда, во Барселона се лути на Де ла Фуенте

Јамал се врати со повреда, во Барселона се лути на Де ла Фуенте

Најголемата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, е повреден и ќе го пропушти неделниот дуел со Валенсија на стадионот „Јохан Кројф“. Се покажа дека напаѓачот има болки во областа на карлицата и е под прашање за натпреварот против Њукасл во Лигата на шампионите наредната недела. Денес не тренираше.

На прес-конференцијата, тренерот Ханзи Флик објасни дека Јамал играл со болки и за националниот тим во минатите светски квалификации против Бугарија и Турција. Во двата натпревари одиграл над 70 минути. Не е јасно дали Јамал ги добил болките во Софија, Конја, или така пристигнал во кампот. Германецот дури индиректно го обвини селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, и неговиот тим за случувањата, бидејќи, според него, го пренатовариле.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Ламин одигра по 75–78 минути со болки, без тренинг меѓу натпреварите – изјави Флик. – А тоа не е начин да се грижи за играчите. Мислам дека шпанскиот национален тим има одличен состав, најдобрите фудбалери во светот, но не внимаваа на своите играчи и оваа вест ме натажува. Никогаш немам разговарано лично со Де ла Фуенте, само преку пораки, но никогаш директно. Мојот шпански не е многу добар, ниту неговиот англиски, но на крајот, комуникацијата може да биде подобра. Не се работи само за еден играч, има и други. И јас сум бил во таква ситуација, но комуникацијата со клубот треба да биде добра.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хујсен направи нова глупост: Мбапе и Ѓулер стрелаа за три бодови за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид извојува значајна победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, совладувајќи го про…