Дома Фудбал Јамал престанува да дава автограми, ќе ги продава

Јамал престанува да дава автограми, ќе ги продава

Во ерата на модерниот капитализам, каде што парите се клучен двигател, фудбалските ѕвезди наоѓаат нови начини за монетизирање на својата популарност. Најновиот пример доаѓа од Барселона, каде што суперталентираниот Ламин Јамал реши да прекине со бесплатното давање автограми и наместо тоа да ги понуди за продажба.

Оваа одлука, иако можеби изненадувачка за многу фанови, е дел од бизнис стратегија. Јамал лично нема да ги раководи продажбите, туку тоа ќе го прави специјализиран сајт кој се занимава со колекционерски предмети и опрема со потписи на најпознатите спортисти. Mundo Deportivo – весник близок до настаните во Барселона, соопштува дека договорот веќе е постигнат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според информациите од клубот, шпанскиот репрезентативец сѐ уште со задоволство ќе се среќава со фанови и ќе се слика со нив, но потписот на дрес, топка или слика ќе има своја цена. Основниот принцип на пазарот – колку помало е понудата, толку е поголема вредноста – ќе биде применет и овде, што објаснува зошто се воведува оваа промена во односите со фановите.

Маркетинг тимот кој го претставува Јамал има јасен план. Дури и на споменатиот сајт, предметите со неговиот потпис нема да бидат масовно достапни. Идејата е бројот на потпишани „сувенири“ да се одржува на минимум, за да се зголеми нивната ексклузивност, а оттаму и цената, до можно највисоко ниво. Со овој потег Јамал го копира Леброн Џејмс и Лео Меси, кои на сличен начин дополнително ги полнат своите буџети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни му порача на Рашфорд: Не е до околината, туку до тебе

Зборовите на еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед на сите времиња, Вејн Руни…