Дома Фудбал Јамал предизвика нова бура во Шпанија – еве за што барал пари од навивачите!

Јамал предизвика нова бура во Шпанија – еве за што барал пари од навивачите!

Ламин Јамал е, без конкуренција, првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу ни да избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.

Нов скандал предизвика со одлуката повеќе да не дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако и самиот е дете, тинејџер од 18 години, под изговор на капитализмот и поголема заработувачка одлучи да ангажира специјализиран сајт за колекционери преку кој ќе го продава својот потпис.

Според “Мундо Депортиво”, добил понуда која ја прифатил и повеќе ништо кај него нема да биде бесплатно.

Што повеќе, нема да дава ни многу автограми, бидејќи колку се помалку, толку се повредни и поскапи, така што и преку тоа ќе гледа да заработи некој милион повеќе на својата сметка.

Ова не е новост, но е во Европа, бидејќи во САД ова веќе го прават Леброн Џејмс и Лионел Меси.

Наводно, кошаркарскиот “крал” заработувал и до 15.000 долари за еден параграф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …