Дома Фудбал Jaмал поради неговата баба не се фотографирал со неговиот договор: Откриени и деталите!

Jaмал поради неговата баба не се фотографирал со неговиот договор: Откриени и деталите!

Младиот играч на Барселона, Ламин Јамал, вчера го продолжи договорот со клубот до 2031 година. Сепак, тој реши да го одложи официјалното фотографирање поврзано со потпишувањето на договорот бидејќи неговата баба Фатима не можеше да учествува на церемонијата.

Јамал инсистираше овој важен момент да биде одбележан во присуство на целото семејство, особено на баба му која има посебно место во неговиот живот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Церемонијата е закажана за 13 јули 2025 година, кога Јамал ќе го прослави својот 18-ти роденден.

Тогаш ќе биде организирано и официјалното претставување по повод новиот договор, а се очекува дека ќе му биде доделен дресот со број 10, кој претходно го носеше Ансу Фати.

Оваа одлука дополнително ја истакнува важноста на семејството во животот на Јамал и неговата желба да ги дели значајните моменти со најблиските.

Според информации од шпанските медиуми, Јамал ќе заработува по 20 милиони евра по сезона, плус околу 10 милиони евра бонус за секоја година од обновен договор.

Ова е значително зголемување во споредба со 1,6 милиони евра кои 17-годишникот ги добиваше досега.

Со овој договор, Јамал станува трет најплатен играч во тимот, зад Френки де Јонг (23 милиони евра) и Роберт Левандовски (25 милиони евра).

Договорот вклучува и откупна клаузула од милијарда евра, што јасно покажува колку Барселона го цени својот млад ас.

Фото: Barcelona F.C/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез веднаш му покажа на Алонсо каква моќ има Реал Мадрид

Чаби Алонсо пред неколку дена беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид и веднаш почн…