
Ламин Јамал, еден од најталентираните и најперспективни фудбалери во светот, повторно е во центарот на вниманието – овојпат не поради своите потези на теренот, туку поради проблематичното однесување надвор од него.
Иако младиот ас на Барселона продолжува да важи за клучен играч и голема иднина на клубот, неговиот бурен приватен живот почнал сериозно да се одразува врз формата и дисциплината. Според каталонските медиуми, раководството на клубот е сè повеќе загрижено поради неговото однесување во последните месеци, кое се влошило уште од крајот на минатата сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од почетокот на оваа кампања Јамал веќе двапати беше повреден, а извори од клубот тврдат дека тоа е делумно последица на неговиот недисциплиниран начин на живот. Дури и неговиот менаџер, Жорже Мендеш, неодамна одржал трочасовен состанок со младиот фудбалер за да го предупреди на последиците од неговите постапки.
Дополнителна тензија се појавила и во соблекувалната на „Камп Ноу“. Наводно, пред натпреварот против ПСЖ, 18-годишниот крилен напаѓач задоцнил на тренинг, по што тренерот Ханси Флик решил да го изостави од стартниот состав како дисциплинска мерка.
Сепак, според медиумите, спортскиот директор Деко побарал од Флик да направи исклучок и да не ја спроведе казната, што довело до несогласувања меѓу двајцата.