
Ѕвездата на Шпанија и Барселона, Ламин Јамал, ја изрази својата позиција на социјалните мрежи по скандирањата „Кој не скокне, е муслиман“, кои се слушнаа од група шпански навивачи за време на вчерашниот пријателски натпревар помеѓу “Ла Фура” и Египет. Натпреварот се одигра на стадионот на Еспањол „РСДЕ“ и беше раководен од главниот судија од Бугарија, Георги Кабаков.
Ламин Јамал, кој е муслиман, го напушти теренот прв на полувремето. Тој беше со наведната глава и видливо засегнат од скандирањата, кои се случија десет минути по почетокот на натпреварот. Во овој натпревар, тимот на Луис де ла Фуенте не успеа повеќе од нерешениот резултат без голови против египетскиот тим.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На социјалните мрежи, Јамал напиша:
„Јас сум муслиман. Вчера на стадионот се слушна скандирањето „кој не скокне, е муслиман“. Знам дека беше насочено кон противничкиот тим, а не лично кон мене, но како муслиман, тоа не престанува да биде пројава на непочитување и нешто недопустливо.
Го разбирам дека не сите навивачи се такви, но кон тие, кои скандираат такви работи: да ја користите религијата за потсмевање на стадионот ве дефинира како неук и расистички настроен.
Фудбалот е тука за да уживаме во него и да поддржуваме, а не за да покажуваме непочитување кон луѓето заради тоа што се или во што веруваат.
Откако го кажав тоа, благодарам на луѓето, кои дојдоа да нѐ поддржат. Ќе се видиме на светското првенство”.