Дома Фудбал Jaмал е чудо: Постави уште еден импресивен рекорд

Jaмал е чудо: Постави уште еден импресивен рекорд

Фудбалерите на Барселона вчера го совладаа Рајо Ваљекано на „Монжуик“ со 1:0 во 24. коло на шпанската Ла Лига.

Единствениот гол за Барселона го постигна Роберт Левандовски од пенал, а Каталонците со оваа победа се вратија на врвот на табелата со 51 бод, колку што има и Реал Мадрид, додека Атлетико има 50, така што не очекува жестока борба за титулата до крајот.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Од првата минута на теренот во дресот на Барселона се најде и феноменалниот Ламин Јамал, кој со тоа сруши уште еден рекорд.

Вчерашниот натпревар му беше дури 100-ти во професионалната кариера, а да потсетиме дека има само 17 години..

До бројката од 100 одиграни натпревари тој дојде пред најголемите имиња на светскиот фудбал – Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе…

За Барселона одигра 83 натпревари, додека за селекцијата на Шпанија настапи 17 пати. Ова се навистина импресивни бројки за играч кој ќе полни 18 години дури во јули.

Јамал оваа сезона игра во извонредна форма. Почна 30 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигна 11 голови и додаде 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалските надежи се реваншираа на БиХ: Победија со гол во 90. минута

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против с…