Дома Фудбал Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година.

Ромеро неодамна стана нов капитен на Спарс, наследувајќи ја капитенската лента од Хјонг Мин Сон, доскорешната главна ѕвезда на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Тотенхем пристигна во 2021 година од Аталанта, прво како позајмен играч, за да лондонскиот клуб го откупи неговиот договор кој важеше до 2027 година, но сега е продолжен за уште две сезони.

Аргентинецот одигра вкупно 126 натпревари за клубот и постигна осум голови.

Претходно беше член на Џенова и Јувентус, а кариерата ја започна во Белграно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…