Дома Трансфер зона Jувентус му нуди на Погба 12.5 милиони евра по сезона

Jувентус му нуди на Погба 12.5 милиони евра по сезона

Долго време Пол Погба се поврзува со враќање во Италија.

Погба во редовите на Јувентус играше од 2012 до 2016 година, а сега после неколку сезони поминати во Манчестер Јунајтед, Французинот наводно е спремен да се врати во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Не е тајна дека Јувентус од поодамна се обидува да го врати Погба и според последните информации сега би можело да биде вистинско време затоа што нема намера да го продолжи договорот со Јунајтед. Додека од друга страна „старата дама“ му понудила договор според кој би имал плата од 12.5 милиони евра.

Никогаш Погба не престана да се поврзува со Јувентус од кога замина, причина за тоа се и постојаните контакти со некои од неговите поранешни соиграчи. Со Јувентус Погба освои четири Скудета, два Купа на Италија и два Суперкупа на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…