Душан Влаховиќ во претходниот период е фудбалерот со најдобра форма во редовите на Јувентус, а се шпекулираше и за неговата иднина.
Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува во 2026 година и во него има раст на платата од сезона во сезона. Во овој момент добива 10 милиони евра, додека на редната ќе заработи 12 милиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Влаховиќ да влезе во формата со која игра во овој момент се шпекулираше дека европските гиганти може да го доведат, меѓутоа сега ситуацијата се променила.
Имено, реномираната „Газета“ тврди дека Јувентус донел одлука и веќе испратил понуда до српскиот голгетер за продолжување на соработката и тоа до 2028 година.