Дома Трансфер зона Jувентус го продолжи договорот со миленикот на Алегри и не ги воодушеви навивачите

Jувентус го продолжи договорот со миленикот на Алегри и не ги воодушеви навивачите

Maтија Де Шиљо во минатото важеже за еден од најталентираните италијански фудбалери меѓутоа очекувањата не ги исполни, сепак денес Јувентус му го продолжи договорот.

Токму под водство на Алегри Де Шиљо дебитираше во Милан, потоа го доведе во Јувентус, а и сега Алегри е главниот „виновник“ што Де Шиљо го продолжи договорот до 2024 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Голем дел од навивачите сметаа дека Де Шиљо ќе си замине ова лето, меѓутоа тој ќе остане во Торино. Фановите на Јувентус не се воодушевени од овој потег и веќе испраќаат критики преку социјалните за одлуката на клубот.

Со новиот договор Де Шиљо ќе заработува 1.5 милиони евра годишно и тоа е скоро двојно помалку од она што досега го добиваше. Ќе потсетиме, Де Шиљо воопшто не беше во плановите кај Пирло и таа сезона ја помина на позајмица во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…