Наполи по 33 години сезонава го освои Скуетото во Италија, а сега Јувентус ќе се обиде да ги доведе творците на тимот од Неапол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Италија, Јувентус ќе се обиде да го доведе спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли и шефот на скаут службата Маурицио Микели.
Со ова „старата дама“ би успеала да ги доведе клучните луѓе од еден од најголемите ривали надевајќи се дека со одличната работа ќе продолжат и во Торино.
Наполи изгуби неколку клучни фудбалери како Инсиње и Кулибали, меѓутоа тимот успеа да најде адекватни замени кои брзо се вклопија. Доведени беа Кварцхелија и Ким Мин-Јае, од претходно тука беа Осимен и Ангиса.
Италијанците шпекулираат и дека евентуално доаѓање на Џунтоли во Јувентус ќе значи и отказ за Алегри.