Дома Трансфер зона Jувентус веќе започнал преговори за враќање на Погба?

Jувентус веќе започнал преговори за враќање на Погба?

Како што сега стојат работите Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната по истекот на договорот.

Вториот мандат на 28-годишниот Французин на „Олд Трафорд“ не ги исполни во целост очекувањата. Погба понекогаш знае да покаже само што може, а ниту „црвените ѓаволи“ не блескаа.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Договорот на Погба важи до крајот на оваа сезона, засега договор за нова соработка нема. Се погласни се најавите дека ќе си замине од клубот, а италијанските медиуми пренесуваат дека би можел да се врати во Италија.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите за враќање на Погба во Јувентус веќе се започнати и клубот од Торино планира да го врати Французинот. Тренерот Масимилијано Алегри наводно лично ќе разговара со Поигба.

Кога е финансискиот аспект во прашање Јувентус е спремен да му понуди основна плата од седум ипол милиони евра со можност преку бонуси таа да биде поголема. Погба во претходните години често зборуваше дека сака да се врати во Торино, таму веројатно го играше и најдобриот фудбал во периодот од 2012 до 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Британците тврдат: Халанд сака да замине – го известил и Манчестер Сити?!

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд најавил заминување од Манчестер…