
Во „Куќа на фудбалот“ денесска со извлекување беа одредени паровите за 1/8 финалето од Купот на Македонија.
Актуелниот бранител на трофејот, екипата на Вардар, за противник го доби тимот на Новаци. Тетовска Шкендија ќе се соочи со Тиквеш, а Македонија Ѓ.П. со ланскиот финалист, Струга Трим Лум.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Локално дерби ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, Беласица за противник го доби Детонит Плачковица.
1/8 финале (еден натпревар), Куп на Македонија (24.09.2025 и 29.10.2025)
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА Трим Лум
ОХРИД Лихнидос – ШКУПИ 1927
ВАРДАР – НОВАЦИ
БАШКИМИ 1947 – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2008
ШКЕНДИЈА 77 – ПЕЛИСТЕР
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ Плачковица