Дома Фудбал Изненадување: Клуб од Ла Лига тргнал по потписот на Модриќ!?

Изненадување: Клуб од Ла Лига тргнал по потписот на Модриќ!?

Лука Модриќ на лето му завршува договорот со Реал Мадрид, а како што пренесува специјализираниот портал Defensa Central, хрватскиот капитен сака да го доведе Севиља.

Модриќ не е сигурен дали ќе остане во Реал, бидејќи има 39 години и на 30 јуни му истекува договорот со Кралевите, а иако е во поодминати играчки години, постојат неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Еден од нив е Севиља, која сака Модриќ да ја продолжи кариерата барем уште една сезона. Хрватот, и покрај годините, сè уште е на добро ниво и на „Писхуан“ го гледаат како многу интересен играч кој би бил значителна помош во средишниот ред.

Предуслов за евентуален трансфер е Модриќ да прифати да ја намали својата моментална плата која изнесува околу 10 милиони евра, а којашто за Севиља е превисока. Модриќ би можел да потпише договор со новиот клуб веќе на 1 јануари, бидејќи му остануваат само 6 месеци до истекот на договорот со Реал.

Конечната одлука за судбината на Модриќ ќе ја донесе Флорентино Перез, но се очекува дека за тоа ќе се разговара на крајот на сезоната.

Лука Модриќ оваа сезона стана играч со најмногу трофеи во историјата на клубот (39) и најстариот играч кој го носел дресот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Флик: Барселона потврди уште една повреда

Фудбалерот на Барселона, Феран Торес, ќе биде отсутен во наредните две недели од терените …