Дома Фудбал Изненадување во Јужна Америка: Во САД го шокираа ПСЖ, а сега испаднаа во осминафиналето!

Изненадување во Јужна Америка: Во САД го шокираа ПСЖ, а сега испаднаа во осминафиналето!

Фудбалерите на Ботафого не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Копа Либертадорес, откако во реваншот од осминафиналето загубија како гости од еквадорскиот ЛДУ Кито со 2:0.

Бразилскиот шампион, кој исто така е актуелен освојувач на Копа Либертадорес, во првиот натпревар триумфираше со 1:0, но во двомечот на крајот беше поразен со вкупен резултат од 2:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еквадорците освоија предност во реваншот благодарение на голот на Габриел Виљамил во седмата минута.

Крајниот резултат беше потврден од Лисандро Алзугарај, кој успешно реализираше пенал во 60. минута.

ЛДУ Кито остана со фудбалер помалку од 83. минута откако Ричард Мина доби директен црвен картон.

Во четвртфиналето, ЛДУ Кито ќе се соочи со Сао Паоло, кој претходно во осминафиналето го елиминираше колумбискиот Атлетико Нешионал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mинатата година го платија 50 милиони евра, сега го тргнаа од тимот поради Бензема

Поранешниот напаѓач на Ливерпул Дарвин Нуњез (26) беше изоставен од составот на Ал-Хилал з…