
Чави Ернандес е еден од водечките кандидати за клупата на Ал Итихад!
Само неколку часа откако беше потврдено дека Лоран Блан си заминал, се појавија вести за потенцијалната замена, а тоа би можел да биде Чави Ернандес.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Од крајот на сезоната 2023/24 тој е без ангажман, откако ја напушти Барселона. Чави тогаш изјави дека ќе одмори и ќе ја почека вистинската понуда во Европа, а јавно се спомнуваше во клубови од Премиер лигата, дури и Милан, но ниту еден од овие клубови не покажа конкретен интерес.
Сега Ал Итихад е во игра, а азиските територии не се непознати за Чави. Тренерската кариера ја започна таму каде што ја заврши играчката, во катарскиот Ал Сад, од каде што се врати во својата Барса, есента 2021 година.
Ал Итихад има шампионски амбиции, по четири одиграни кола има девет бодови, сезоната штотуку започна, па ќе видиме дали богатите Арапи ќе ја ангажираат легендата на Барселона.