Српскиот фудбалер Немања Матиќ би можел во наредниот период да се врати во Италија, бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Наполи и Фиорентина, наведува добро информираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.
Иако во август ќе наполни 37 години, Матиќ игра прилично стандардно во Лион, бидејќи од неговото доаѓање францускиот клуб доживеа препород и игра сè позначајна улога на домашната и меѓународната сцена.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Добрата игра во една од петте најразвиени европски лиги го препорача Матиќ на италијанскиот пазар, а клубовите од Неапол и Фиренца први застанаа во редот за ангажман на некогашниот ас на Челси и Манчестер Јунајтед.
Матиќ има договор со Лион до крајот на јуни 2026 година и е извесно дека ќе ја заврши сезоната во Франција, но на лето постојат реални шанси за враќање во Италија, бидејќи би влегол во завршните 12 месеци од договорот.
Србинот би се вратил во Серија А ако постигне договор со некоја од заинтересираните страни, каде што во сезоната 2022/23 играше во дресот на Рома со која дојде до финалето на Лига Европа.
Работата би можела да ја забрза и условната казна на Лион, бидејќи некогаш седумкратниот последователен шампион на Франција се бори со финансиски проблеми.